Придобивки од годишниот одмор – дали знаете како да се опуштите и да се одморите? – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/21 10:10 AM

Придобивки од годишниот одмор – дали знаете како да се опуштите и да се одморите?

Секојдневниот забрзан ритам на живот ни остава малку време за добар и квалитетен одмор, но тој навистина е неопходен и треба да го сфатиме сериозно. Нашето тело совршено функционира кога е урамнотежено, но стресот и насобраните токсини во телото создаваат нерамнотежа. Квалитетниот одмор е од големо значење за да ги елиминирате токсините од телото, да го ревитализирате целиот организам, а со тоа да го подобрите психофизичкото здравје.

Многу е важно да се научите целосно да се опуштите. Ако не сме опуштени, а се одмораме додека гледаме телевизија или пиеме кафе, ако сме напнати одвнатре нема да успееме да се ревитализираме. Но ако истото тоа го правиме целосно опуштени, ќе се наполниме со енергија и подобро ќе се чувствуваме.

Како да се опуштите и одморите?

За почеток, добро е неколку пати длабоко да вдишете. Дишењето е поврзано со нашата емотивна и ментална состојба. Кога сме опуштени дишењето е бавно и длабоко, а кога сме вознемирени дишењето ни е забрзано. Ова може да го свртиме во наша корист и свесно да дишеме длабоко и бавно – автоматски ова ќе ви ги смири и емоциите.

Најдобро е вежбите за дишење да се прават рано наутро, непосредно по изгревањето на сонцето. Наједноставната техника за дишење е техника за целосно длабоко дишење. Се изведува во исправена седечка положба.

Вежбата се изведува опуштено и без напрегање.

Прошетката во природа е исто така добар начин да се опуштите. Истовремено свесно дишење длабоко, а сонцето ќе ви помогне во излачувањето на хормонот на среќа, серотонинот.

Вежби за истегнување, масажа

Ова исто така би можело да ви помогне да се опуштите. Стресната состојба предизвикува грчење на мускулите. Лесното истегнување на мускулите со свесно и слабоко дишење ќе ви помогне да се опуштите.

Сонот исто така е неопходен, но важно е да легнете и заспиете одморени. Додека спиете се лачи хормонот мелатонин кој е заслужен за обновување на клетките во телото, за ревитализација, регенерација и подмладување.

Медитацијата пак, придонесува за психофизички одмор. За време на медитацијата лачењето на серотонинот и мелатонинот се зголемува за дури 300 проценти.

Сезона на годишни одмори

Летните денови се овде, а тие се совршени за удобното да го споите со корисното.

Грчкиот филозоф Платон тврдел дека „морето ги мие сите тегоби“.

Пливањето е добар начин за телото да добие детоксикациска хидротерапија.

Морската вода содржи лековити минерали и елементи, кои го зајакнуваат природниот имунитет, со што се обновува енергетскиот состав.

 

Извор: krenizdravo.hr