Ресторанот „Мрах Саламе“ е направен во пештера во градот Мадаба, 33 километри југозападно од Аман, главниот град на Јордан. На посетителите, покрај богатата гастрономска понуда, им нуди и патување низ времето. На едно место се испреплетени минатото и сегашноста.
Џорџ Хададин (69), кој магистрирал геофизика во Германија, ја открил пештерата во дворот на својата куќа.
Работите на ископувањето што Хададин ги започна во 2008 година во градината на својот дом во Мадаба, познат по мозаиците, резултираше со откривање на пет пештери, од кои секоја со илјадагодишна историја.
Напорите на Хададин да го претвори ова историско цивилизациско богатство што го откри во национален музеј беа неуспешни, па тој одлучи местото да го претвори во место што ќе го зачува споменот на името на неговиот татко и ќе биде место за собирање на луѓе од различни делови на светот.

Смета дека секоја цивилизација на тоа подрачје оставила некаква трага.
„Ова место сведочи за тоа. Постоечките остатоци во пештерата датираат од периодот кога живееле Моабитите, Набатајците и Гасанидите“, рече Хададин.
Истакнувајќи дека ресторанот го посетуваат луѓе од Европа, Латинска Америка, САД, Индонезија и Турција, Хададин рече:
„Мислам дека ова е единственото место со историја од 27.000 години и дом на многу цивилизации.“
Извор:
aa.com.tr
Фото:
aa.com.tr