Времето денес сончево и топло – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/21 7:11 AM

Времето денес сончево и топло

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од УХМР најавуваат дека утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.