Албанската полиција уапси две лица за фрлање солзавец за време на концертот на музичарот Горан Бреговиќ, откако многумина во земјата го критикуваа дека само тој не ја осудил војната во Косово 1998-1999 година.
Во полициското соопштение се наведува дека 21-годишниот Редон Лека бил уапсен бидејќи фрлил солзавец додека Бреговиќ настапувал на фестивалот на пивото во Корча.
Уште еден маж бил уапсен кога се обидел да ја спречи полицијата да го уапси Лека.
Бреговиќ не престанал да пее, но солзавецот предизвикал паника кај некои во публиката.
Присуството на Бреговиќ предизвика национална дебата при што некои го осудија дека не проговорил против српските злосторства извршени врз Албанците во соседно Косово. Други пак рекоа дека уметниците не треба да се мешаат во политика.
Албанскиот премиер Еди Рама го осуди инцидентот како „средновековна хистерија“ кон „еден од најистакнатите музичари на Балканот“.
Еди Рама рече дека пејачот не кажал ништо против Албанците и дека никогаш не го поддржал српскиот режим за време на војната.
„Тоа е фашистичка хистерија, срамна за албанските европски граѓани, за нашата историја и традиција“, напиша Еди Рама на својот профил на Фејсбук.
Бреговиќ ја посети Албанија во 2006 година и одржа концерт, и доби симболичен клуч од Рама, тогашен градоначалник. Неговото присуство во тоа време не предизвикало никакви инциденти.
Извор и фото: Ба.Н1инфо