Проверете какво ќе биде времето утре – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 9:56 PM

Проверете какво ќе биде времето утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ=8.

Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.