Апел за помош на битолчанецот Кире Главинчевски – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/18 12:20 PM

Апел за помош на битолчанецот Кире Главинчевски

Триесетгодишниот битолчанец, Кире Главинчевски бара помош од хуманите граѓани бидејќи неговото семејство нема доволно финансиски средства за  операцијата која треба да му биде направена во Панама.

Битолчанецот кој е сопруг и татко на едно дете, веќе пет години е неподвижен и секојдневието го поминува во инвалидска количка, откако во 2013 година се повредил при скок во вода. Единствена надеж за него е трансплантацијата  на  матични клетки во ‘рбетниот столб во Центарот за трансплантација на матични клетки во Панама.

„Ве замолувам за ваша помош за исполнување на мојот сон и сонот на моето семејство повторно да ме види на нозе. Однапред ви благодарам за помошта“, вели Главинчевски.

Телефони за донации:

Телеком: 143 – 108
Вип:  143 – 471
(со секој повик донирате 100 ден. +18% ддв)

Жиро сметка: 210-7000006469-32

Банка: НЛБ Банка

Дознака: Донација