„Креирањето на материјалот за учење за четврто одделение по предметот природни науки, претставуваше предизвик од една страна и голема одговорност од друга страна, бидејќи концептот за негова изработка е доста поинаков од досегашниот“, вели авторката Биљана Стојановска која заедно со наставничките Билјана Лазареска и Нела Слезенкова-Никовска, работеа на подготовка на првиот дигитален материјал за учење по природни наука кој ќе се користи во наставата за 4 одделение од почетокот на учебната година.
Со ова издание започнува имплементацијата на новата Концепција која во следните 5-6 години треба целосно да се спроведе во деветолетката.
“При подготовка на материјалите бевме водени од целта за развивање на критичко размислување, креативност и проактивност кај учениците. Токму затоа тој изобилува со забавни содржини, експерименти, истражувања и интересни илустрации.
Преку користење на овој учебник учениците ќе ги развијат своите вештини за креативно изразување, критичко размислување, комуникација и соработка, што се, всушност дел од Националните стандарди”, вели Стојановска.
Авторката истакна дека целата на новата Концепција е висококвалитетно, инклузивно и достапно дигитално образование.
“Успеавме да создадеме квалитетен учебник збогатен со дигитални содржини во форма на интерактивни слики, видеа, квизови, игри и анимации. Преку нив учениците поразбирливо и позабавно ќе ги надополнат своите сознанија за природата и светот околу себе, природните богатства и нивното значење и зачувување”, вели Стојановска.
Извор: МОН