Ќе биде како да паднала граната во нашата болница – Избегната трагедија во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 2:51 PM

Ќе биде како да паднала граната во нашата болница – Избегната трагедија во Тетово

Оштетени се две бакарни цевки со различна големина. Едната за компримиран воздух , а другата за азотен оксидол. Веднаш до нив се наоѓала главната цевка со кислород, која не била оштетени.

-Тоа би требало да се транспортираат сите пациенти од тоа одделение, а имаме пациенти кои не можат да се транспортираат. Замислете  требало 70 проценти од пациентите некаде итно да се транспортираат, но за наша среќа тоа не се случи, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово.

Преку сега веќе оштетените цевки се снабдува Ургентниот центар каде во моментов нема пациенти. По овој инцидент ќе се засилат безбедносните мерки на виталните објекти,најавуваат од болницата.

-Сега таму има една просторија каде е заштитено, а според ова треба уште повеќе да се заштитат. Сега, по овој инцидент не тера на построги мерки, оти има разни „автори“, кои може и тоа да го направат. А тоа ќе биде како да паднала граната во нашата болница, вели докторот.

Оштетувањето на доводот со кислород е во период кога во тетовската болница има најголем наплив на пациенти од почетокот на пандемијата. Состојбата е се уште критична каде има хоспитализирани 120 пациенти, примено има нови 14, а еден пациент е починат.  Амбулантските прегледи и натаму од ден на ден растат.

Состојбата со вирусот во тетовско никако да се смири. Бројот на хоспитализирани расте, амбулантските прегледи се зголемуваат. Моментално во четирити ковид одделенија се лекуваат 120 пациенти , а последните 24 часа се примени нови 14 пациенти. Има починато и едно лице.

Делта сојот зема и помлади животи, а тешка клиничка слика се појавува и кај пациенти и без комрбидитети. Секојдневно се зголемува и бројот на амбулантски прегледи, што не дава надеж дека бројките особено на хоспитализирани ќе се стабилизираат. Вакцинацијата е единствен спас, а бројките тоа го покажуваат, над 90 % од хоспитализираните се невакцинирани.

(З.Д.)