Не воведовме ПЦР тест туку потврда за вакцинација оти на пунктовите ќе се ширеше зараза, изјави Заев – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 12:42 PM

Не воведовме ПЦР тест туку потврда за вакцинација оти на пунктовите ќе се ширеше зараза, изјави Заев

„Секогаш се водиме од укажувањата на Комисијата. Имаше дискусија да се воведе мерка за ПЦР тестирање за влез во кафуле или на некој поголем настан, но тогаш ќе се поттикнеше масовно упатување на луѓето кон пунктовите за тестови, со што ќе се создадеше атмосфера на ширење на самата зараза“. Ова е објаснувањето кое премиерот, Зоран Заев го даде на новинарското прашање зошто наместо задолжителна вакцинација, не се воведе мерка за ПЦР тестирање на луѓето кои не се антиваксери, но поради одредени медицински причини не смеат да бидат вакцинирани.

Дел од овие граѓани во јавноста се пожалија дека се дискриминирани, но сепак според Заев, намерата на надлежните била да ја поттикнат вакцинацијата.

„Од тие причини не се даде таа сугестија, но единствено намерата ни беше да поттикнеме вакцинирање. Таа мотивација веќе се случува“, додаде Заев.

 

(В.Ми)