Настапот на балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ, заедно со неговиот оркестар на Пиво-фестот во албанскиот град Корча, наместо со музика и забава помина со огромна паника помеѓу присутните.
Во текот на настапот на сцената на фестивалот бил фрлен солзавец, а присутните панично почнале да трчаат и да се упатуваат кон излезот. Полицијата во Корча, како што пренесува „Euronews Albanija“, за овој инцидент привела 21-годишно момче осомничено за нападот.
Откако ситуацијата се смирила, Бреговиќ и останатите музичари продолжиле со концертот и професионално ја забавувале преостанатата публика.
Police arrest 21-year-old who threw tear gas during Goran Bregovic’s performance at #Korça’s Beer Fest pic.twitter.com/1964YaljWr
— Euronews Albania (@EuronewsAlbania) August 23, 2021
За потсетување, кога организаторите на пивскиот фестивал во Албанија ја најавија музичката програма, мала група поединци изразија незадоволство од учеството на Горан Бреговиќ и протестираа во Корча.
Фото:
aa.com.tr