Познатиот српски актер и режисер, Драган Бјелогрлиќ, на видео-материјалот што осамна денес на социјалните мрежи, забележан од хотелски камери, во лобито на објектот „Амбасадор“ во Ниш физички напаѓа некое друго лице.
Српските медиуми веднаш пренесоа дека лицето кое седи во друштво на неколку луѓе е неговиот колега режисер, Предраг Гага Антонијевиќ, односно режисерот на контроверзниот филм кој го потресе Балканот, „Дара из Јасеновца“.
Причините за нападот не се комплетно јасни, а Антонијевиќ утрово за „telegraf.rs“ изјавил дека Бјелогрлиќ го нападнал поради наводен судски спор помеѓу двете страни, односно пријава за корупција кон Бјелогрлиќ од некое трето лице во Обвинителството, каде што Антонијевиќ бил во својство на сведок.
Dragan Bjelogrlić priveden zbog napada (VIDEO: Društvene mreže) pic.twitter.com/rpwdQJgC4n
— Bljesak.info (@Bljesak) August 23, 2021
Драган Бјелогрлиќ веднаш по инцидентот и пријавата на Антонијевиќ е приведен во нишката полиција, а таму потенцирал дека во текот на вечерта постојано вербално бил провоциран од Антонијевиќ и тоа претставува иницијална каписла за големиот инцидент.
Фото:
media-marketing.com