Седум државни болници во Израел се заканија дека ќе престанат да примаат нови пациенти со коронавирус почнувајќи од денес, наведувајќи ги како причина буџетските проблеми и недостатокот на персонал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорите на болниците одржаа прес-конференција вчера пред зградата на Министерството за здравство во Западен Ерусалим за да го привлечат вниманието кон тешкотиите со кои се соочуваат поради појавата на Ковид-19.
Офер Марин, директорот на Медицинскиот центар „Шер Зедек“ во Ерусалим, рече дека Владата не го исполнила ветувањето дека ќе обезбеди околу 1 милијарда шекели (308,7 милиони американски долари) помош за јавните болници каде што се лекуваат пациентите со коронавирусот, почнувајќи од јануари оваа година.
Како последица на делта-варијантата на коронавирусот, вирусот повторно почна брзо да се шири и товарот на болниците постепено да се зголемува.
Земјата досега има потврдено над 990.500 случаи и 6.830 смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Од декември 2019 година, пандемијата однесе над 4,43 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 211,78 милиони случаи пријавени низ целиот свет, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.