Бектеши: Ако Русија става блокади ќе најдеме други пазари – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/18 11:53 AM

Бектеши: Ако Русија става блокади ќе најдеме други пазари

Ако Русија става блокади ќе најдеме други пазари – ова денеска го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши коментирајќи ја одлуката со која на тамошниот пазар се забранува увозот на македонските праски.

„Не навлегувам во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но ако Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија со која најмногу соработуваме и државите од регионот“, нагласи Бектеши според кој, секоја држава има право да донесува свои одлуки.

Инаку, забраната за увоз на праски од Македонија во Русија стапи на сила од вчера.  Ден претходно пак,  министерот за земјоделство, Љупчо Николовски рече дека потенцијални пазари за македонските праски се британскиот, косовскиот и албанскиот.

Во текот на вчерашниот ден исто така,  претставници на компании од Косово и Англија биле во Росоман за да проценат дали може да откупат одредени количини праски  од трите камиони што ги врати Рсуија.