Кривични пријави за маж и жена од Кичево: Ги малтретирале сопствените деца – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/18 8:43 AM

Кривични пријави за маж и жена од Кичево: Ги малтретирале сопствените деца

 

Триесет и четиригодишен маж и триесетгодишна жена од Кичево заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Во текот на минатата и оваа година, пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, психички и физички ги малтретирале нивните три малолетни деца, а потоа ги присилувале да излегуваат на улица во Кичево и во други градови и да питачат, а девојчињата ги терале да се проституираат.

Со пријавените, како и со малолетните деца е извршен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи од Кичево, информираше портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.