Семејство пронајдено мртво, „убиени“ од токсична алга – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/21 4:07 PM

Семејство пронајдено мртво, „убиени“ од токсична алга

Семејство пронајдено мртво, претпоставката за нивната смрт е токсична алга.

Како што пренесуваат медиумие меѓу телата е пронајдено и семејното куче Оски. Џон бил вработен во Snapchat, а Елен студирала да стане психотерапевт. Тие се преселиле во област во Сан Франциско минатата година и добиле бебе.

Шерифот на округот Марипоса, Џереми Брисе изјавил дека нема да мирува додека не ја пронајдат причината за смртта.

– Во моментов немаме јасни индикации за тоа што се случило. Знаеме дека имаше два здрави возрасни и едно здраво дете и здраво куче, и сите тие починаа на исто место.

Една теорија е дека смртните случаи се поврзани со истекување на гас од блискиот напуштен рудник за злато, но Брисе верува дека тоа не е така.

– Не верувам дека рудниците се поврзани со овие смртни случаи. Сето ова е многу фрустрирачки и многу шокантно за сите нас. Колку што знам, токсичните алги процветаа во последните денови, предизвикани од моменталната суша. Но, сеуште не знаеме доволно детали за токсичноста на овие алги.

Би -Би -Си наведува дека одредени видови алги за време на цветањето може да испуштаат опасни токсини кои можат да доведат до болест или дури и смрт на луѓе и животни. Минатиот месец, американската шумарска служба издаде предупредувања за потенцијално опасни алги што цветаат. Посетителите на оваа област беа предупредени да не се капат или да дозволат нивните миленици да влезат во водата за да не бидат изложени на отрови.

Портпаролката на канцеларијата на Шериф, Кристе Мичел, за КТВУ изјави дека ова е многу невообичаена ситуација.

– Немаше знаци на траума, очигледна причина за смрт, ниту проштално писмо …

Професорката на Универзитетот Стенфорд, Ана Михалак, раководител на Одделот за глобална екологија на Карнеги институтот за наука, вели дека некои алги можат да носат смртоносни бактерии кои го напаѓаат црниот дроб и нервниот систем.

Таа додаде дека знаат за неколку пријавени случаи кога кучиња умреле откако биле во вода каде што цветале алги. Таа, исто така, вели дека ефектите од овие бактерии се екстремно брзи.

Биологот и океанограф Сара Смит вели дека овие токсини можат да предизвикаат смрт за само 24 часа.

Преземено од: https://www.dnevnik.ba/