Нов член во најава во семејството Кардашијан – Кајли Џенер е бремена го чека второто дете со раперот Тревис Скот – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/21 2:40 PM

Нов член во најава во семејството Кардашијан – Кајли Џенер е бремена го чека второто дете со раперот Тревис Скот

Веќе некое време се шпекулира за бременоста на Кајли Џенер, а сега веста ја пренесоа бројни странски медиуми. Најмладата Кардашијан честопати во интервјуата велеше дека сака големо семејство, а нејзината мајка најмногу се израдувала за приновата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Најмладиот член на кланот Кардашијан, Кајли Џенер (23) и раперот Тревис Скот (29) ја добија својата прва ќерка Сторми пред три години. Сега милијардерката е повторно бремена, потврдија неколку извори за Е! News.

„Кајли многу често зборува за друго бебе“, рекол инсајдерот за Е! News во мај 2019 година – Таа би сакала да има уште едно дете со Тревис и се чувствува како навистина да и е судено повторно да стане мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Сепак, плановите се сменија до крајот на 2019. Кајли и Тревис одлучија да направат пауза кога станува збор за нивната врска.

– Тревис и јас сме во одлична врска и нашиот главен фокус во моментов е Сторми – убавицата, објавi на Твитер во октомври 2019 година. – Нашето пријателство и нашата ќерка се приоритет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Иако за кратко време секој тргна по својот пат, останаа обединети како родители и со текот на времето ја обновија својата романса. Во јуни оваа година, Тревис, зборувајќи на добротворна вечера, меѓу другото, јавно ја изрази својата љубов кон ријалити ѕвездата.

– Сторми, те сакам и мојата сопруга, те сакам – извика раперот кој дојде на настанот придружуван од неговите две омилени „девојки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

– Тие се семејство кое навистина се води според мотото: ‘Колку повеќе, толку подобро’. Значи, колку повеќе бебиња имаат, толку подобро. Кајли отсекогаш сакала да има повеќе деца, дури седум, па затоа не е изненадувачки што ова е вистински благослов за неа – изјавил анонимен извор за The Sun.

– Крис дефинитивно имаше најсилна реакција на веста. Штом слушна дека ќе добие уште едно внуче, толку се трогна што плачеше – додаде тој.

Изворот навел дека Кајли се обидела да ја скрие оваа бременост од јавноста, но медиумите брзо го откриле тоа, како и дека среќниот пар сеуште не го знае полот на детето.

Преземено од: https://informer.rs/