Сообраќајниот хаос во Гостивар дополнително се влошува со трките со автомобили, кои се актуелни во овој период. Бесни возачи и онака тесните улици во Гостивар, ги користат за бесни трки.
Ниското ниво на сообраќајна култура уште повеќе влијае на сообраќајниот хаос во Гостивар. Улиците се користат за трки на автомобили, но и за беснеење на возачите за на крај да се заврши со сообраќајни несреќи. Од бучавата која ја прават бесните возачи, се нема мир низ градот.
Дополнително сообраќајниот хаос е зголемен и со доаѓањето на печалбартие. Во градот не функционира зонското паркирање, а автомобилите се оставаат насекаде низ градот, отежнувајќи го нормалниот проток на возила.
Поради несовесно возење и неприлагодена бризна во јули и август се случуваат најмногу сообраќајни несреќи, покажува статистиката на полицијата.