Во тек е традиционален натпревар за лежење во црногорското етно-село Брезна.
На десеттиот собир учествуваат осум натпреварувачи, кои ќе се борат за наградата од 300 евра. На учесниците им е забрането да стануваат и да ги истегнуваат нозете, освен кога одат во тоалет, а новото правило е да одат во тоалет на секои осум часа. Додека лежат, натпреварувачите можат да дремнат, да читаат книги, а храна и пијалоци им се достапни во секое време. Моменталниот рекорд во лежење е 52 часа.

-Прва награда 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, храна, пијалоци, се дозволено освен станување – објавија организаторите на Фејсбук.
Оваа година, сепак, тие малку ги сменија критериумите, па им дозволија на натпреварувачите да одат во тоалет на секои осум часа.
-Порано беше без тоа, но го воведовме оваа година за да ја избереме вистинската мрзелива личност – открија во коментарите.
На почетокот на годината, организаторите објавија дека организираат „натпревар во самоизолација наместо лежење“ поради корона вирусот.
Сите учесници мораа да се придржуваат кон правилата што предвидуваат да останат сами во колибата и да не излегуваат никаде, да ја одржуваат колибата чиста и да не користат телефон, телевизија, алкохол и тутун.
Организаторите обезбедија храна за седум дена, а ако некој е навистина упорен, дури и подолго.
Počelo takmičenje u ležanju u Crnoj Gori: Osam učesnika u borbi za 300 eura http://v.aa.com.tr/2341403
Posted by Anadolija Balkan on Friday, August 20, 2021
Ова е натпревар во кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно поради прифатениот стереотип за оваа нација дека се мрзливи.
– Се пријавив за дружење, сакам да поминувам време во природа. Секако и наградата не е занемарлива. Очекувам да победам, затоа сум тука. Ако тоа не се случи, сигурно ќе запознаам нови луѓе, нови искуства – рече еден од учесниците по име Марко за Анадолија.
Дуда од Подгорица потврдува дека мотивот за учество се парите, но и дружењето и одморот.
-Се пријавив да се одморам, но и да ги земам парите. Првата награда е 300 евра, вреди и затоа денес сум тука – вели Дуда.
Преземено од: https://nova.rs/, https://www.blic.rs/
Фотографија: Miloš Vujović – Anadolu Agency


