Чаша вода од чешма се наплаќа по 45 денари – Туристите во Задар бесни на локална слаткарница – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/21 11:05 AM

Чаша вода од чешма се наплаќа по 45 денари – Туристите во Задар бесни на локална слаткарница

Чаша вода од чешма во слаткарница во Задар чини шест куни, што е околу 45 денари.

Иако една жена од Задар не нарачала флаширана вода, туку „обична“ вода од чешма, ја дочекало непријатно изненадување.

Изнервирана од овој факт, оваа жена пресметала дека еден децилитар вода чини две куни, или околу 15  денари. Од споменатата слаткарница се огласиле и објасниле зошто толку чини водата.

„Водата што дополнително се наплатува минува низ специјални филтри за да ги отстрани нечистотиите, се третира со УВ ламби за да се отстранат бактериските нечистотии“, информирале од слаткарницата.

Исто така, тие велат дека гостите можат да изберат која вода ја сакаат, од чешмата или од специјализиран уред што се полни.

Преземено од: https://pink.rs/