Пештерата Убавица во гостиварска Ѓоновица ќе стане туристичка атракција – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/18 6:45 AM

Пештерата Убавица во гостиварска Ѓоновица ќе стане туристичка атракција

Италијански спелеолози ќе им помагаат на нивните гостиварски колеги, во истражување и заштита на пештерата Убавица, лоцирана во гостиварското село Ѓоновица. Целта е оваа пештера да стане туристичка атракција.

Италијанските спелеолози ќе има помагаат на гостиварсктие колеги како подобро да управуваат и да ја заштитат пештерата Убавица.

Активноста е дел од проектот за зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на Убавица, што го спроведува Спелеолошкиот клуб Кораби од Гостивар во соработка со општината.

– Задоволство ни е што сме овде во Гостивар и што имаме можност да бидеме дел од овој проект, кој за нас претставува нешто многу големо и значајно. Подготвени сме да ги пренесеме нашите искуства на овдешните спелеолози. Ќе се фокусираме да споделиме што е можно повеќе знаење и вештини, изјави Матео Тартаљини, спелеолог од Италија

Проектот предвидува и Виртуелна прошетка низ пештерата.

Проектот за истражување и заштита на пештерата Убавица е поддржан од Европската Унија.