Аљоша Драганиќ Вранчиќ, клавијатурист на групата Дупини, почина утринава на клиниката во Загреб на 59 -годишна возраст.
Тој беше во болница поради корона вирусот каде се лекувал две недели, но за жал ја загуби битката.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот пријател Горан Франиќ Њоко, кој беше на сцената со него околу 30 години.
– Вистина е, тој почина. За мене е незамисливо дека го загубивме денеска – рече Њоко. Тој додаде дека долго време се борел со короната, а кога ситуацијата се влошила, бил префрлен во болницата во Загреб.
Групата Дупин беше придружниот бенд на Оливер Драгојевиќ, со кого изведоа стотици концерти и разни турнеи. Горан ќе се памети по разните заеднички свирки, бројни патувања и шеги.
Извор: Курир.рс