„Да ве прашам колку прележале Ковид и повторно се разболеле?“ – Д-р Жаклина Шопова ги прозва колегите и одговорните за прашања што ги мачат и граѓаните – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/21 1:16 PM

„Да ве прашам колку прележале Ковид и повторно се разболеле?“ – Д-р Жаклина Шопова ги прозва колегите и одговорните за прашања што ги мачат и граѓаните

Доктор Жаклина Шопова, инфектолог од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби иако е дел од најголемиот Ковид центар во државава, сепак, на својот Фејсбук профил изнесе свое гледање на работите, па ги повика колегите – матичните, епидемиолозите, одговорните во Мој термин да одговорат на неколку прашања што ги мачат и граѓаните.
-Да ги прашам матичните колку од пациентите кои прележале Ковид повторно се разболеле? Да ги прашам епидемиолозите дали стигнала пријава за заразна болест Ковид, кај пациент кој веќе прележал Ковид, ако стигнале колку пријави има?  Да ги прашам одговорните во Мој термин , каде има евиденција за сите болни од Ковид , дали има и колку има пациенти кои прележале Ковид и се повторно евидентирани како реинфицирани!? Одговорите Ве молам доставете ги кај Министерот, неговите професoри по медицина, имунолозите, кај членовите на комисијата за заразни болести кои одамна заборавиле што се по професија, и на крај убедете го најстручниот Зоран Заев да ја свика Владата и да промени барем една од научно неоснованите превентивни мерки, напиша таа на својот Фејсбук профил.