Со еден час опуштено пливање согорувате 500 калории – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/18 2:01 PM

Со еден час опуштено пливање согорувате 500 калории

Ниту една вежба нема истовремено да согорува калории, да го забрза метаболизмот и  да го затегнете секој мускул во вашето тело, како што тоа го може пливањето. Со еден час опуштено пливање согорувате околу 500 калории, додека интензивните облици како грбно пливање со него може да согорите 700 калории.

Тајната е во тоа што водата дури 800 пати е потешка од воздухот. Со тоа се овозможува отпор на сите наши мускули, а истовремено водата ги растеретува мускулите и зглобовите, што не е случај со ниту една друга вежба надвор од вода. Токму затоа тоа е една од најдобрите можни вежби за секој од нас.

Кога носите одлука за пливање како начин за рекреација, треба да имате на ум како да пристапиме. Погрешно е веднаш да очекувате дека уште првиот ден може да пливате повеќе од еден час.


Веќе по 4 минути пливање повеќето луѓе се чувстуваат исцрпено. Тоа се случува поради што белите дробови мора да се прилагодат на новиот начин на дишење, кардиоваскулаторниот систем работи на сосема поинаков начин, а за движење во вода нас ни е потребен секој мускул.