(ФОТО) Од Авганистан пристигнаа триесетина македонски граѓани во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 9:16 PM

(ФОТО) Од Авганистан пристигнаа триесетина македонски граѓани во Скопје

Триесетина наши граѓани кои по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, по успешниот трансфер во Истанбул, Турција, вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Мехмед Реџепи од Тетово, вработен во фирмата „Еколог“, бил еден од затекнатите македонски државјани во Кабул, во време кога Талибанците насилно ја презедоа власта во Авганистан. Тој ја објасни рутата по која патувале триесетината граѓани до Скопје и се заблагодари на Министерството за надворешни работи за брзата и навремена реакција.

-Ние бевме во воена база, немавме работа со Талибанците. Контролата околу нас ја имаше армијата и таа не повлече, сигурно и безбедно. Патувавме авионски од Кабул во Катар, потоа од Катар во Истанбул и од Истанбул сега во Скопје. Добро е, патувавме одлично. Многу ни помогна Министерството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Катар. Сите се безбедни и сигурни. Нашата база каде што работевме беше во близина на аеродромот во Катар. Да не влегуваме во детали, видовме многу, изјави Мехмед Реџепи.

Граѓаните кои пристигнаа на аеродромот во Скопје беа пречекани од семејствата и нивните најблиски.

 

Фото:

МИА / Facebook / Livestream / Screenshot