Путин и Меркел се сретнаа во Москва: И покрај тоа што имаме различно мислење, добро e што разговараме – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 8:35 PM

Путин и Меркел се сретнаа во Москва: И покрај тоа што имаме различно мислење, добро e што разговараме

Во Москва се одржа средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Путин и Меркел пред почетокот на средбата во Кремљската палата дадоа изјави за медиумите.

Потсетувајќи дека тој и Меркел за последен пат се сретнаа на Конференцијата за Либија одржана на 19 јануари 2020 година во Берлин, главниот град на Германија, Путин рече дека благодарение на оваа конференција, многу работи се направени во врска со Либија.

Тој изјави дека Германија е еден од најважните партнери за Русија во Европа и во светот, и додаде: „Германија е наш втор трговски и економски партнер, по Кина. И покрај сериозната рецесија во 2020 година, билатералната трговска размена се удвои во првото полугодие на годината.“

Посочувајќи дека Меркел ќе ја напушти својата функција, Путин рече: „Има многу прашања кои бараат од нас да се сретнеме лице в лице. Затоа, ова не е само проштална средба, туку сериозна и деловна посета.“

И покрај тоа што имаме различно мислење, мислам дека е добро што разговараме“

Нагласувајќи дека со Путин сака да разговара за многу прашања, канцеларката Меркел рече: „Мислам дека е добро што разговараме, и покрај разликите во мислењата. Подготвени сме да ги продолжиме контактите во иднина. Имаме многу прашања за разговори, од билатерални до меѓународни односи.“

Пред средбата Меркел положи венец на Споменикот на непознатиот војник во Москва.