Бразилецот со српско потекло доаѓа во Премиер Лигата – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 7:34 PM

Бразилецот со српско потекло доаѓа во Премиер Лигата

Дефанзивецот на италијански Торино, Лијанко Војновиќ, ќе го менува Јаник Вестергард на централната позиција во одбраната во премиерлигашот Саутемптон.

Бразилецот со српско потекло во 2017 година од Сао Паоло пристигна во Европа, поточно во тимот на Торино и во следните четири години го носеше дресот на најпопуларниот клуб во градот (со исклучок на една сезона, кога Војновиќ беше позајмен во тимот на Болоња).

Фудбалерот чиј дедо во текот на Втората светска војна се преселил во Бразил, има и српски и португалски корени, но иако играше за репрезентацијата на Србија до 19 години, сепак се одлучи да настапува за земјата во која е роден.

Јанковиќ нема да е првиот фудбалер со српско потекло што ќе настапува за „светците“. Душан Тадиќ во периодот од 2014 година до 2018 година играше на „Сент Мерис“, пред да се врати повторно во Холандија во екипата на Ајакс.

 

Фото:

marca.com