Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бобан Николов, сезоната 2021/2022 ќе ја започне во Молдавија.
Играчот од средината на теренот како слободен фудбалер од италијански Лече се сели во првакот на Молдавија, Шериф Тираспол, објавија денес „жолтите“.
Сезоната во Лече за Николов на клупско ниво не ги исполни очекувањата, индивудалните и тимските, со оглед на тоа дека Лече остана уште една година во Сериа Б, а проектот на Шериф Тираспол, кој претставува главно освежување и изненадување во квалификациите за Лигата на шампионите, веројатно го „намами“ поранешниот средњак на Вардар да ја промени средината.
За потсетување, Шериф Тираспол во третото квалификациско коло во ЛШ ја совлада белградска Црвена Ѕвезда, а во првиот дуел од плејофот за истото натпреварување го порази со 3:0 Динамо Загреб на домашен терен. Па така, шансите за настап во елитното натпреварување на македонскиот репрезентативец идната сезона стануваат сè поголеми.
Фото:
kurir.mk