Изгоре барака во скопско Пржино – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 5:16 PM

Изгоре барака во скопско Пржино

По брза интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје во Пржино попладнево спречено е ширење на пожар во кој изгоре барака. Повреден е соственикот кој се обидел да го гаси огнот.

Од  Ппротивпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со што се спречило огнот да биде префрлен кон околните куќи.

 

МИА