Не се работи за четврти бран од КОВИД-19 во гостиварско туку за цунами, велат од инфективното одделение при Општата болница во Гостивар. Оттаму велат дека слободни места за лекување има се помалку, потребна е помош од скопските клиники.
Моментално има 103 хоспитализирани во одделенијата каде се лекуваат ковид болни при општата болница во Гостивар. Речиси сите имаат тешка клиничка слика и се на кислородна подршка. За изминатово деноноќие починале четири пациенти.
Коронавирусот коси во гостиварско пред се поради непочитувањето на мерките, но и големиот број свадби и веселби.
Владата треба да размисли и да воведе некои дополнителни мерки во полошкиот регион, каде има најголем број на хоспитализирани и активни случаи, сметаат здравствените работници.
Зоран Димовски