Криминалец кој се барал со потерница се шетал низ Чаир – Полицијата конечно го уапси – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 8:03 AM

Криминалец кој се барал со потерница се шетал низ Чаир – Полицијата конечно го уапси

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен скопјанец кој е баран со централна потерница поради изречена мерка притвор.

Во соопштението од МВР се наведува дека 30-годишниот А.И. е преведен вчера пред трговски центар на подрачјето на Чаир и предаден на Основното јавно обвинителство.

Тој се барал врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор.