Само што го доби мандатот за состав на новата влада, партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ веднаш го врати. Кабинетот предводен од Даниел Митов не успеа да обзбеди мноинство за подршка во бугарското Собрание. Со тоа, станува извесно дека на Бугарија и’ претстојат нови, трети избори по ред.
Претходно ГЕРБ го објави составот на новата влада, кој не доби поширока поддршка.Нам добро познатата Екатерина Захариева беше канидидирана за министерка за надворешни работи.
-Тешката поделба меѓу политичките партии води до фактот дека не можеме да има конструктивен разговор. За да не ја одложиме постапката, ќе му дозволиме на претседателот да одлучи за третиот мандат. Јасно е дека ова не може да продолжи. Бугарија мора да има стабилна влада, доаѓаат кризи, кои мора да се управуваат со јасно дефинирано мнозинство. Без разговори ГЕРБ-УДФ, не може да има влада “, рече Даниел Митов .
Ова беше втор обид на претстаделот Румен радев да ја реши владината криза, откако партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ го врати мандатот.
Останува претседателот Радев да реши дали ќе го понуди мандатот на трета опција, ќе бидат распишани нови избори или ќе се одлучи за некоја трета опција.
Дел од партии бараат партијата на Слави Трифонов да се врати на преговарачка маса и да ја поддржи формацијата на која претседателот ќе и го предаде последниот мандат. Во спротивно, предвремените парламентарни избори се неизбежни.