Сончево и ветровито, а попладне дожд и грмежи – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 7:05 AM

Сончево и ветровито, а попладне дожд и грмежи

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Во вечерните часови во делови од Скопската котлина ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.