(Вознемирувачко видео/фото) Момче го загуби животот – Сообраќајка во Аеродром – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/21 10:36 PM

(Вознемирувачко видео/фото) Момче го загуби животот – Сообраќајка во Аеродром

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи во скопски Аеродром, во која животот го загубили младо момче. Во несреќата учествувале мотор и автомобил. Според очевидци од местото на несреќата за ММС велат дека мотоциклистот во директен удар во автомобилот го загубил животот, а две лица од автомобилот марка „ауди“ се тешко повредени.

На самото место на несреќата која се случила на булеварот „Јане Сандански“ кај раскрсницата кај „Веро“, забележано е зголемено полициско присуство која врши увид, но и го обезбедува самото место на несреќата, а присутно е и возило на Брза Помош.

Тешка сообраќајка во Аеродром- младо момче загина на лице место

Тешка сообраќајка во Аеродром- младо момче загина на лице место

Posted by Брзи Вести on Thursday, August 19, 2021