(ВИДЕО) Џани Алиоски постигна гол во својот прв настап за Ал Ахли – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/21 10:06 PM

(ВИДЕО) Џани Алиоски постигна гол во својот прв настап за Ал Ахли

Македонскиот репрезентативен бек Езѓан Џани Алиоски, на своето деби во новиот клуб постигна гол од белата точка, во ремито на Ал Ахли со Ал Хазем од 2:2.

Поранешниот премиерлигаш кој во летниот преоден период како слободен играч од Лидс Јунајтед пристигна во Саудска Арабија, во 78-та минута постигна гол за 2:1 и го најави враќањето на Ал Ахли во мечот.

Во новата средина и кај тренерот Бесник Хаси, Џани Алиоски играше на вообичаената лева бековска позиција, во 4-4-2 формација.

 

 

Фото:

Twitter / @SPL