Младиот Јорданец Абдурахман Усфур дизајнира производи за украсување на домот и предмети за домаќинството од половни автомобилски делови.
Усфур најпрвин ги започнал своите студии на Одделот за индустриско инженерство на Германско-јорданскиот универзитет. Две години по студирањето на тој оддел се префрлил на Одделот за дизајн и дипломирал како дизајнер.
„Креативноста е на невообичаен начин да се погледне на тоа што е познато“, рече триесет и тригодишниот Јорданец, кој му ја раскажа својата приказна како дизајнер на дописникот на Агенција Анадолија (АА).
„Од мал сум љубител на автомобили“
Велејќи дека многу ги сака автомобилите и дека со текот на времето сакал делови од автомобил да има во куќата, Усфур рече дека својата дипломска теза ја напишал на идејата за трансформација на половните делови од автомобилите во предмети за домаќинството.
„Можам да кажам дека од мал сум љубител на автомобилите. Бидејќи многу ги сакам, долго време дома чував делови од автомобили. Потоа ми текна оваа идеја“, рече Усфур, додавајќи дека на Универзитетот со дипломската теза на тема „Дизајн базиран на автомобилски делови“ го освоил второто место.
Младиот Јорданец додаде ги користи сите делови од автомобилот, со исклучок на пластичните. „Во мојот дизајн обично користам класични делови. Бидејќи тие додаваат естетика на производот.“
„Некои производи се едно парче и се нудат само на еден муштерија“
Наведувајќи дека дизајнира специјални производи кои не може да се најдат никаде, Усфур рече: „Некои производи се едно парче и се нудат само на еден муштерија.“
Нагласувајќи дека со тим од шест лица работат со меѓународни компании и поединци кои бараат извонредност, Усфур рече дека ги промовираат своите производи под имињата на „Auto ART“ и „King Trophies“ и на веб-страниците отворени со овие имиња.
Се продаваат и во европските и во арапските земји
Усфур рече дека дизајните се оценуваат според користените материјали, напорот и побарувачката, и дека Швајцарија, Данска, Велика Британија, Катар, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се дел од земјите каде што се продаваат.
Младиот Јорданец, наведувајќи дека најмногу тешкотии има при превозот, рече дека не добил никаква поддршка од ниту една страна во неговата земја и дека сè сторил со сопствен буџет и напор.
Истакнувајќи дека започнал да ги дизајнира автомобилските делови како хоби, а не како работа, Усфур рече дека подоцна, тоа станала професија од која не може да се откаже.
Усфур рече дека избира особено автоделови што веќе не работат, и нагласи дека производите се дизајни што лесно се расклопуваат и монтираат без најмала тешкотија.
„Некои можеби се прашуваат за естетскиот ефект на автомобилските делови во домовите. Особено со оглед на големината на некои делови. Но, мислам дека токму оттаму доаѓа вистинската разлика“, додаде Усфур.