Метју и Мајкл Крег, двајцата идентични близнаци во тимот на англиски Тотенхем, вечерва ќе направат историја и за првпат ќе се најдат во поширокиот состав на Нуно Еспирито Санто во плејоф дуелот со Пакос Ферира од Лигата на конференции на УЕФА.
Родени на 16-ти април, 2003 година, две минути еден по друг, осумнаесетгодишните Метју и Мајкл уште од рана возраст тренираат во академијата на Тотенхем, а при крајот на ланската сезоната потпишаа професионални договори со клубот од северен Лондон.
Покрај тоа што се идентични физички, браќата играат и на идентична позација – централно во средниот ред, иако Метју Крег по потреба може да ја покрие и централната позиција во одбраната.
-Уживам тоа што играм заедно со брат ми. Среќен сум бидејќи имам со кого и да зборувам првенствено. Имам и со кого да правам работи, кому да се обратам, изјавил Метју за клупскиот веб-сајт на Тотенхем.
Во зависност од резултатот во Португалија, близнаците би можеле да добијат и комплетно деби веќе на реваншот во Лондон идната недела. Доколку Тотенхем обезбеди уверлива победа, тогаш Метју и Мајкл Крег ќе ги види фудбалскиот свет и надежно ќе ги распознае за седум дена.
Во машката секција на Тотенхем, ова е прв случај во историјата двајца идентични близанци да носат ист дрес во натпреварувачка кампања.
Фото: