Петнаесетгодишник е приведен под сомневање дека се обидел да изврши убиство во Шведска, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Напаѓачот со нож повредил вработен во училиште.
Весникот „Сканска Дагбладет“ (Skanska Dagbladet) објави дека напаѓачот носел долг нож, маска на скелет, кацига и нешто што наликувало на панцир.
Портпаролката на полицијата, Ева-Ган Вестфорд, соопшти дека е хоспитализиран 45-годишник, додавајќи дека малолетниот напаѓач е приведен пред училиштето.
„Инцидентот се случил во Еслов, 36 километри североисточно од Малме, третиот најголем град во Шведска. Мотивот за нападот не е познат“, изјави Вестфорд.
Таа додаде дека во моментов немаат информации дали напаѓачот е ученик од училиштето.