Радосна вест за љубителите на природата: Од денес може да се шетаат низ планините – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/21 1:21 PM

Радосна вест за љубителите на природата: Од денес може да се шетаат низ планините

Поради намалениот број на пожари, поради врнежите кои ја намалија сувоста на вегетацијата од денес Македонски шуми ја ублажија мерката за забрана на движење низ шумите.

– Од денес сите правни и физички лица кои имаат потреба да се движат во пророда со однапред добиена дозвола ќе можат да се движат. Ова се однесува на планинарите и параглајдеристите кои ги користат нашите планини за нивните активности, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.