Тешкото детство и трнливиот пат до успехот на Душко Тошиќ (36) само му помогнаа да биде тоа што е денес и да ужива во тоа што го има, и поради таквиот живот своите деца ги учи на вистински вредности.
Малкумина кои знаат за детството на познатиот фудбалер дека патот не му бил потплочен со рози, туку дека дебело се намачил за се што има денес. Душко пораснал во Орловат, село во близина на Зрењенин. Меѓутоа, неговите родители поради сиромаштијата не биле во можност да му обезбедат пристојно детство, па го испратиле во Дом.
Таткото на Душко сметал дека тоа е најдоброто за неговиот син, подобро во Дом отколку во сиромашно семејство.
– Мојот Душко беше неколку години во интернат за да се школкува и да игра фудбал, таму имаше редовни оброци, што за дете во развој е многу важно. Сега е многу успешен и многу сме горди на него. Си го оствари сонот. Живее во голем град, рекол своевремено Миоград, таткото на Душан.
Фудбалерот никогаш не се обидел да сокрие од јавноста дека живеел во Дом три години што тоа и му ја одреди судбината.
Како штитеник на Домот Душан почнал да тренира фудбал, а со напорната работа, целодневните тренинзи на школските терени, успеа да стигне до овде каде што е денес.
Кога ќе го посетите Орловат може да видите дека Душко на своето семејство им има обезбедено се што тие посакале. Во селото не направил огормна куќа, туку убава нормална куќа која ќе има се што е потребно за конфрорен живот.
Извор: Телеграф.рс