Среќни во брак, а никогаш немале секс – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/18 10:30 AM

Среќни во брак, а никогаш немале секс

Пола и Иан Мекфејден кои се во брак повеќе од 10 години, досега немале ниеднаш сексуален однос. Иан има мали психички проблеми, но според докторите не е социјално опасен. Тој имал непријатно детство кога уште од шестата година бил сексуално злоупотребуван од страна на заменикот директор на елитното училиште во кое учел.

Оттогаш Иан има аверзија кон сексот и кон сите интимности. Пола, пак, знае да се носи со сето тоа, го разбира и прифаќа, но и многу го сака. Таа има 23-годишен син од претходната нејзина врска кон кој Иан се однесува многу коректно.

Често не спијат заедно, бидејќи Иан има одбивност дури и кон спалната, па подобро се чувствува на каучот.

Пола раскажува дека одвреме навреме водат љубов кога тој е пијан, но никогаш немаат секс. Сепак, она што најмногу ги поврзува е љубовта меѓу нив која е доволно силна за да бидат среќни во нивниот брак.

Понекогаш знае да биде и нежен кон неа во јавност со тоа што ќе ја прегрне или бакне и тоа се посебни моменти за неа, но знае дека само во јавност се чувствува најсигурно и дека нема ништо да му се случи.

Пола за него има само пофални зборови, за тоа колку е великодушен, снаодлив, интелигентен и духовит. Таа вели дека и покрај тоа што немаат секс за никого не би го заменила.

Иан, пак, жали понекогаш што не може да ѝ пружи повеќе нежност на својата сопруга, која тоа го заслужува, но болката и аверзијата која ја чувствува е посилна од него.

Она што е најважно е дека знаат да се почитуваат и да се сакаат на еден посебен начин, кој често го нема во браковите во кој сексот е главното нешто што ги поврзува.

Тие се пример за една поинаква, но поголема љубов и доказ дека чувствата и внатрешната поврзаност е поважна и посилна од физичката.