ЖФК Каменица Саса прими 12 голови од Јувентус во Лигата на шампионите – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/21 6:06 PM

ЖФК Каменица Саса прими 12 голови од Јувентус во Лигата на шампионите

Македонскиот женски клупски првак, Каменица Саса, доживеа тежок дебакл на дуелот против италијански Јувентус во рамките на првото коло од групата осум во Лигата на шампионите. Црно-белите практично го понижија нашиот претставник постигнувајќи 12 погодоци.

Поразителен е фактот што фудбалерките на Каменица Саса покрај резултатскиот голем дефицит, не успеаа ниту еднаш да упатат било каков удар во рамките на голот на противникот. Од друга страна, пресилната женска секција на италијанскиот гигант дури 55 пати се обиде да го пронајде патот до мрежата на Јелена Гвоздерац.

Италијанките на полувремето имаа „само“ предност од четири погодоци, но во вториот дел успеаа да постигнат уште осум голови и да го понижат дебитантот во најдоброто клупско натпреварување.

Сташкова и Карузо забележаа хет-трик, а во скорерската листа на стрелци влегоа и Џирели со два погодоци, Бонасеа, Заманијан, Бонфатини и Росучи.

Покрај Јувентус и Каменица Саса, во групата осум се наоѓаат и турски Бешикташ и Сент Полтен, а победникот од овој двомеч ќе се соочи со Јувентус.

 

 

Фото:

javisejuzna.mk