Инспекторите ќе бидат редари во моловите – Кои се новите мерки за заштита од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/21 11:43 AM

Инспекторите ќе бидат редари во моловите – Кои се новите мерки за заштита од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на средбата со новинарите даде објаснување за новите мерки, што од денес ги воведе Владата.

-Да сублимирам што е донесено како одлука на седница на Влада. Прво, за организација на сите настани и на отворено и на затворено потребно е посетителите и во угостителските објекти и каде што се одржуваат културни настани, едукации и така натаму, да приложат задолжително сертификат за најмалку една доза вакцина или доказ дека болеста ја прележале за што имаат временски период од 45 дена, 30 дена е препорака од Комитетот за имунизација после прележувањето на болеста кога треба да се прими вакцината и 15 дена да се организира вакцинацијата. Значи тоа е логиката во тој дел. Притоа, без разлика дали има под 30 или над 30 посетители, гости или учесници, тие тој сертификат мора да го имаат. Единствена разлика е што ако настанот или во угостителскиот објект има над 30 луѓе присутни треба да се организира редарската служба, рече министерот.

На новинарско прашање кој ќе одредува и кој ќе ја води евиденцијата колку луѓе има, кој има сертификат, а кој не, однсоно кој ќе биде редар во трговските центри, што ако некој од вработените не може да се вакцинира поради одредена причина, Филиче рече.

-Нема укажување за вработените, ние немаме механизам тоа да го направиме, меѓутоа одлуките се однесуваат на просториите и местата каде што има масовни настани или масовно присуство на луѓе каде што може да има трансмисија на вирусот. Тоа е целта и тоа е логиката на овие мерки. Таму каде што се луѓето, како што видовме и сме сведоци од досегашните случувања, каде што има таква трансмисија на вирусот, наше е да го спречиме. Тоа е целта. Предизвици секогаш ќе има. Некогаш тоа ќе биде технички прашања во делот на спроведување, некогаш логични прашања што ќе се наметнат, па ќе одговориме на секој што ќе му треба дообјаснување. Но, целта е да се стимулира вакцинацијата. Еве гледаме дека во градовите каде што е повисок опфатот со вакцинација, засега, а се надевам дека така ќе остане, нема притисок во болниците. Во тие градови опфатот е близу 50 проценти. Мерките се димензионирани да се зголеми опфатот со вакцинација и да се спречи ширењето на вирусот, рече тој и додаде.

-Инспекторатите се задолжени за проверка на сертификатите. А дали во секој трговски центар ќе има инспектор, тоа се технички детали и се во рамките на инспекторатите кои тоа го контролираат, информираше министерот.

 

(В. Ми.)