Папата Франциск преку видеопорака ги повика луѓето да се вакцинираат против коронавирусот, порачувајќи дека само на тој начин може да заврши пандемијата.
Благодарение на божјата волја и на работата на многумина, сега имаме вакцини кои не штитат од ковид-19, вели Папата во видеото кое е снимено од американската непрофитна организација „Ad Council“ и здружението „COVID Collaborative“.
Папата потенцира дека вакцината дава надеж за крај на пандемијата, но само доколку е достапна за сите луѓе подеднакво, насекаде во светот.
Вакцините денеска се достапни во најголемиот дел од побогатите држави, додека посиромашните и натаму немаат пристап до доволни количини вакцини. Здравствените стручњаци предупредуваат дека со циркулацијата на вирусот меѓу невакцинираните, се ствара опасност од развој на нови, поопасни соеви.
Папата Франциск инаку се вакцинира во март годинава и тогаш истакна дека тоа е етичка должност.
– Вакцинирањето е едноставен, но важен начин за промовирање на општото добро и грижата еден за друг, особено за најранливите. Му се молам на Бога секој да придонесе со своето мало зрно песок, со својот мал гест на љубов, вели Папата во видео пораката.
Во соопштението од организацијата се наведува дека пораката од Папата претставува негова прва кампања наменета за публиката ширум светот.