Раперката Ники Минаж и нејзиниот сопруг Кенит Пети се тужени од наводна жртва на силување, Џенифер Хог за вознемирување и заплашување, пишува списанието „Пипл“.
Џенифер тврди дека сопружниците и понудиле половина милион долари за да се откаже од тужбата, а наводното силувањето се случило во 1994 година, кога девојчето имало 16 години.
Странските медиуми пишуваат дека Џенифер се изјаснила во тужбата и дека во една прилика и понудиле 20.000 долари во замена за потпишување на веќе подготвена изјава со која таа ќе го отфрли обвинението за силување.
Таа тврди дека добила бројни вознемирувачки повици и посети од луѓе поврзани со славниот пар.
Џенифер тврди дека ги одбила сите кои и понудиле мито и ја чува во тајност својата локација за повторно да не ја малтретираат
„Се чувствувам како да живеам во тајност, дури и не можам да им ја кажам локацијата на моите пријатели“, рекла девојката за „Тајмс“.
Таа додаде дека често има кошмари поради настаните во 90 -тите години.
Ники Минаж се омажи со Пети во 2019 година.
Извор: Нова.рс