Германскиот претседател Штајнмаер: Снимките на очај од аеродромот во Кабул се засрамувачки за западната политика – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/21 10:32 PM

Германскиот претседател Штајнмаер: Снимките на очај од аеродромот во Кабул се засрамувачки за западната политика

Германскиот претседател, Франк-Волтер Штајнмаер, истакна дека снимките на очај од аеродромот во Кабул се засрамувачки за западната политика, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Штајнмаер, во својата изјава во главниот град Берлин, рече дека никој не може да остане рамнодушен на снимките од Кабул и случувањата во Авганистан.

„Сликите на очај на аеродромот во Кабул се засрамувачки за западната политика“, истакна Штајнмаер, додавајќи дека Германија сега треба да ги евакуира своите граѓани кои се во Авганистан и Авганистанците што ѝ помагаа на Германија.

Наведувајќи дека брзиот колапс на авганистанската Влада и преземањето на контролата на земјата од страна на талибанците без отпор ќе остави трајни последици во иднина, Штанмајер рече дека неуспехот на долгогодишните напори во Авганистан ќе ги подигне основните прашања.

Претседателот Штајнмаер исто така посочи дека на овие прашања треба да се одговори искрено, а не набрзина.