Лепа Брена, која на естрадата е позната по штедливоста, не се грижи само за нејзините пари, туку и за парите на оние кои ќе се најдат во нејзина близина.
На белградскиот аеродром „Никола Тесла“, на истиот лет со пејачката, човек кој сакал да остане анонимен раскажал интересен настан што се случил неодамна, кога фолк sвездата се упатила кон Црна Гора.
Брена седнала до него, го поздравила љубезно, а потоа ги вратила парите што ги оставил во гајбата при контролата на аеродромот и му одржала лекција за никогаш повеќе да не направи такво нешто.
– Никогаш не се откажувајте од парите на тој начин. А ситни пари се пари. Никогаш не знате кога и зошто ќе Ви требаат – му рекла Брена, што него и патниците ги оставила во неверување.
По таа ситуација, таа го поздравила уште еднаш, а потоа се потргнала на страна и чекала да помине времето за влез во авионот.
Извор: Информер.рс