Грција не може да стане „порта“ кон Европската унија за Авганистанците кои бегаат од конфликтот во својата земја, рече денеска министерот за миграции Нотрис Митарачи повикувајќи се на заеднички одговор на ЕУ за кризата.
– Јасно кажуваме дека не сакаме и нема да бидеме врата кон Европа за бегалците и мигрантите кои би се обиделе да дојдат во Европската унија, изјавил Митарачи за државната телевизија ЕРТ.
Тој ги повторил повиците за заеднички одговор на ЕУ откако минатата недела дојде до несогласување меѓу членките на унијата околу тоа дали треба одбиените баратели на азил да бидат депортирани во Авганистан.
Многу земји членки стравуваат дека поради развојот на ситуацијата во Авганистан може да се повтори европската бегалска криза од 1015/16 година, кога хаотичниот прилив на повеќе од милион луѓе од Блискиот исток ги преоптерети безбедносните системи и системите за социјална заштита, поттикнувајќи зајакнување на екстремните десничарски групи.
Грција беше во првите редови на европската мигрантска криза во 2015 година кога речиси милион луѓе кои бегаа од конфликтите во Сирија, Ирак и Авганистан стигнаа на нивните острови пред да отпатуваат на север во побогатите европски земји.
Од 2015 година азил во ЕУ побарале околу 570 илјади Авганистанци, од кои 44 илјади само во 2020 година.
извор:Н1