Како што информира полицијата, вчера во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп, М.Б. (26) од село Новаци, управувајќи мотоцикл „кавасаки ZX-IOR“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.