Екс директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска влезе во трката за градоначланик на Скопје, заедно со граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“. Граѓаните кои сакаат да ја дадат поддршката за зелената иницијатива од денеска можат слобдодно да се потпишат во општините.
Петровска најави дека е пресреќа што со овие луѓе имаат слична визија како треба градот да се управува.
-Мислам дека заедно можеме да ги направиме промените кои граѓаните ги очекуваат. Сакаме да го отвориме градот кон јавноста, да бидеме поотчетни и да се дознае како се трошат парите на граѓаните и како планураме да ги надградуваме услугите на граѓаните. Во носење на одлуките ќе ги вклучиме младите, маргинализираните групи и луѓето со хендикеп. Сакаме убав и зелен град! Ќе работиме на генералниот урбанистички план кој ќе ја запре бетонизацијата и ќе го заштити постоечкото зеленило. Урбаната мобилност ќе се зајакнува давајќи предност на велоспипедизмот и пешачењето за да го намалиме загадувањето на воздухот, истакна Петровска
Петровска напомена дека како градоначланик на Скопје ќе се грижи за загадувањето на воздухот, и со сите надлежни органи ќе учества за подобар квалитет на воздухот. Вети дека конечно ќе се затвори Вардариште, рак раната на градот, расчистување на дивите депонии, но и ќе вложува во енергетската ефикасност во училиштата, болниците и ќе вградуваме фотоволтаични системи.
-Ќе дадеме простор на младите да се изразат и социјализираат. Има можност, додаде таа да се направи градска кујна, да се направат урбани градини и мслам дека сите заедно можеме да направиме големи работи, додаде таа.
(В.П.)