Причините за рушењето на мостот во Џенова се уште не се познати, за експертите се уште е рано да се знае точната причина за рушењето на мостот Моранди во северно – западна Италија во која загинаа најмалку 35 лица.
Претпоставките кои се објавени се само приближна претстава за што најверојатно настанала катастрофата. Вчера во Џенова се сруши 80 метарски дел од мостот на кој во моментот се наоѓаа 30 возила, падот на мостот за малку не ги уништи и околните куќи и згради.
Објаснувањата кои кружат во светските медиуми се однесуваат на невообичаениот дизајн на мостот, тековните поправки и неодамнешното невреме што се случување во регионот. Иан Фирт, поранешен претседател на британската Институција за структурни инженери објаснува дека еден километар долгиот мост кој е изграден во 1960 –та година го држат две А рамки користејќи кабли засилени со бетон.
„Како што овој засилен бетонски мост е во функција над 50 години, можно е дека корозијата на сајлите и на засилувањето да придонело кон рушењето. Дополнително, тековната работа на мостот може но и не мора да е одговорна за колапсот,“ објаснува Фирт.
По само дестина години откако е изграден овој мост често пати е реконструиран, а во 90 –те години на него се споредува комплексна интервенција која вклучува поставување на конвенционални носечки челични кабли.